• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Вицепремиерот Анѓушев во работна посета на Берлин и Белград

by А1он06/02/2019 - 10:26257
Share0

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска ќе престојува во работна посета на Берлин, каде што ќе има средба со Клаудија Дер Вос, државен секретар во Сојузното министерство за економија и енергетика.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти неговиот Кабинет, во рамки на активностите на мешовитиот управувачки комитет, каде Анѓушев е копретседавач од македонска страна, денеска ќе се одржи оперативен состанок на кој ќе се утврдат поконкретни мерки и начини на соработка, а ќе се разговара и за поддршката која официјален Берлин ја најавува за нашата земја.

„Во рамките на посетата на Берлин се очекува вицепремиерот да оствари и средби со претставници на компании од автомотоиндустријата и од енергетскиот сектор. Германија е главен трговски партнер на нашата земја со вкупен обем од 3,64 милијарди евра во 2018 година, и раст од преку 15 проценти на обемот во однос на 2017 година, како и земја со која Македонија остварува голем суфицит во трговската размена“, соопшти Кабинетот на Анѓушев.

Вицепремиерот за економски прашања утре работно ќе престојува и во Белград заедно со министерот за здравство Венко Филипче, каде што ќе остварат средба со претставници на регионалната канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација (International Financial Corporation), членка на групацијата Светска банка.

Со нив ќе разговараат за можности за соработка во реализација на енергетски и други инфраструктурни проекти во нашата земја.

angjusev

Би можело да ве интересира

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска15/11/2019 - 14:14

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска15/11/2019 - 12:3115/11/2019 - 13:08

Шекеринска и Анѓушев со најмногу вработени во кабинетите, кај Спасовски најскапо платени

Галена Николовска-Ризвановиќ31/05/2019 - 13:1631/05/2019 - 20:59

ВИДЕО: Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Ана Ололовска18/04/2019 - 12:20

Анѓушев: Има две решенија за „Еурокомпозит“

Мери Јордановска30/03/2019 - 16:2430/03/2019 - 19:46

Анѓушев: Очекувам годинава Чебрен да стане реалност во енергетскиот и водостопанскиот живот

Сандра Бошковска07/02/2019 - 15:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен