Верушевски доби три години затвор за пиштолот

Од:

Поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски денеска беше осуден на тригодишна казна затвор за пиштолот кој беше најден во неговиот дом, по претресот извршен во јануари годинава.

„Ова е уште една потврда на се што беше наведено во извештајот на Прибе. Ова е потврда дека Република Македонија е држава во која недостасуваат стандардите на демократско владеење. Ова не е правда, ова е потврда за патологија“, рече Верушевски, обраќајќи им се на новинарите, иако судијката го прекинуваше со барање да не прави драма.

IMG_20150716_122707
Верушевски соопштението им го подели на присутните новинари откако пресудата беше изречена

Судијката која ја изрече казната, рече дека пиштолот ќе се одземе и по правосилноста на пресудата ќе се врати на МВР.

Футролата од пиштолот, кој тој ја бараше како предмет од емотивно значење, беше речено дека судот дополнително ќе одлучи дали да му биде вратена.

Поранешниот директор на УБК беше уапсен на 23-ти јануари и се наоѓа во притвор повеќе од шест месеци. Според обвинението, Верушевски неовластено го држел пиштолот кој полицијата го најде кај него при претресот. Пиштолот марка Црвена застава е на МВР и е службен, но не го раздолжил откако му завршила функцијата како прв човек на УБК.

Во својата одбрана на претходните рочишта Верушевски тврдеше дека од МВР изминативе години знаеле каде е оружјето и никој од него не побарал да го раздолжи.

– Пиштолот е на полицијата и таа треба да си го побара назад, а не да апси за нелегално оружје, велеше тој.

Сведокот на обвинителството потврди дека не е временски ограничена потврдата со која е регулирано поседување на пиштолот. Верушевски и одбраната тврдеа дека станува збор за административно правни недостатоци на МВР и УБК. Браниелите со решенија од МВР докажуваа дека за ваков прекршок се одговара само со дисциплинска постапка.

Верушевски останува во притвор како првобвинет во случајот „Пуч“ каде се терети за неовластено прислушување, шпионажа и државен удар. На 5-ти август е закажано првото судско рочиште во овој случај во кој е обвинет и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Синот на Зоран Верушевски ја снимал објавената снимка од разговрот со Заев

Кристијан Ландов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

Со 67 години адвокатот на Верушевски претендира на антикорупциската фотелја

Верушевски побарал доколку може да се снимаат и броевите на Груевски и Мијалков

Ана Ололовска

Врховен суд: Не може да одговара помагачот за прислушувањето, ако не биде осуден Зоран Верушевски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лазаревски: Сега ќе имавме диктатура, ако не откриевме дека се прислушува

Ана Ололовска

Leave a Comment

two × three =