Со 67 години адвокатот на Верушевски претендира на антикорупциската фотелја

Од:

Ангеле Илиевски е еден од кандидатите за член или претседател на новата Антикорупциска комисија. Иилиевски има полни 67 години, и по основ на старост беше пензиониран од местото член на Советот на јавни обвинители.

На јавноста и е познат како адвокат на екс шефот на УБК Зоран Верушевски кој беше обвинет во случајот Пуч заедно со премиерот Зоран Заев пред Специјалното јавно обвинителство да го повлече обвинението. Но за ова на денешното интервју никој не го праша.

Се спореше изборот на Илиевски за член на Советот на јавни обвинители, бидејќи беше член на правниот комитет на СДСМ. Опозицијата обвини за партизација на Советот. Денеска на интервјуто, Илиевски се заложи, по примерот на други земји да не се ограничува со возраста членувањето во Советот на јавни обвинители, кажа дека во неговото работење немало роднински влијанија или непотизам.

Советот, претходно, токму за ова беше критикуван и од медиумите и од американскиот амбасадор Џес Бејли, но Илиевски кој беше член осум месеци, посочи дека Советот долго не функционирал, и со неговото и со доаѓањето на Ангел Солев, некои процеси се откочиле. Илиевски најголема корупција гледа во судството, здравството, јавните набавки и вработувањата.

Би можело да ве интересира

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот