Синот на Зоран Верушевски ја снимал објавената снимка од разговрот со Заев

Од:

Александар Верушевски, син на функционерот во СДСМ, Зоран Верушевски, тонски го снимал лидерот Зоран Заев пред четири години во Струмица. Заев обзнани дека објавената снимка на „Јутуб“ е од ручек во 2016 година. Запрашан какви се односите меѓу него и Александар Верушевски, тој кажа дека е во добри односи, како и дека е близок со неговото семејство.

„Во врска со прашањето во врска со соговорникот кој ме снимал, тоа е господинот Александар Верушевски. На ручек кај мене во Струмица, тоа е летото 2016 година. Овде, седиме и ручаме и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред 4 години од денеска наназад гледано. Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња. Со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата Комисија за внатрешна безбедност во државата, советник во Кабинетот за национална безбедност. Соработувам, но еве, така одлучил мојот пријател Александар и така направил“, рече Заев.

Инаку, поранешниот разузнавач и советник на Заев, Верушевски, сведочеше во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушкување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска