Негативни резултатите кај двајцата од вчера, жена која била во Италија сама се пријавила на клиника

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека единствената пациентка којашто е позитивна на корона вирус е во добра општа здравствена состојба и се лекува на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

-Единствената пациентка којашто се лечи на инфективната клиника е во добра општа состојба. Веќе втор ден нема температура, претпоставувам дека многу скоро ќе почне и закрепнувањето. Негативен е резултатот на возачот, којшто го управувал комбето, во коешто патувала пациентката која се лечи на инфективната клиника. Поради секоја можна варијанта тој и понатаму ќе остане во домашна изолација, во текот на следните денови, се до четиринаесеттиот ден, кога завршува периодот на инкубација, а потоа лекарите специјалисти, инфектолози, епидемиолози ќе одлучат дали и повторно ќе се тестира, потенцираше Филипче.

Филипче кажа дека се негативни резултатите и на пациентот кој вчера заедно со девојката побегнале од штипската болница.

-Исто така е негативен тестот на пациентот кој со симптоми се јавил преку виничкиот здравствен дом на инфективното одделение во штипската болница, рече министерот и додаде дека утрово разговарал со конзулот, нема податоци дека има заболени наши државјани, ниту пак наши државјани кои се во карантин и кои живеат во регионот на Северна Италија.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека утрово на Инфективната клиника се јавила пациентка со знаци на респираторна инфекција, која патувала во критичниот регион во Северна Италија.

Тој додаде дека пациентката во земјава влегла на 26 февруари, без никакви симптоми.

Истата е изолирана согласно процедурите и во текот на денот се чекаат резултатите.

-Нема простор за паника. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство за заштита од корона вирус, стои во соопштението од Министерството.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?