Велковска: СДСМ и ДУИ одобрија итна обнова на пат во Бојане среде кампања

Од:

Еколошката активистка и советничка во Град Скопје Драгана Велковска денес ги обвини СДСМ и ДУИ дека се обидуваат да ги поткупат гласачите со последната одлука итно да се доделат средства за рекнструкција на локален пат во Бојане.

Како што вели Велковска, мнозинството на СДСМ во Советот усвои две одлуки за меѓуопштинска соработка со општините Карпош и Сарај: за целосна реконструкција на улици околу муслимански гробишта во Нерези (учество на градот е 3,5 милиони денари) со Карпош, додека соработката со Општина Сарај е за реконструкција на локален пат за с. Бојане – активност планирана да трае 2 години, во 2020 (20 милиони денари со ДДВ) и 2021 г. (40 милиони мкд со ДДВ).

Според Велковска, процедурата, која налага дневниот ред да „може да се дополни со нова точка за која има потреба од неодложна расправа, при што предлагачот е должен да ја образложи итноста за тоа,“ била заобиколена.

„Предлагачот не беше во можност да ја докаже, камоли да ја образложи, итноста на предлог-одлуката за с. Бојане. За волја на вистината, малку повеќе му одмогнаа манипулативните изјави на членови на советничката група на сдсм. Невештите и провидни оправдувања на изборниот поткуп беа навреда за интелигенцијата на секој кој слушаше во моментот и плуканица во лице за сите што секој изборен циклус гласаат за неселективна правда и правна држава,“ вели Велковска.

„Де факто поткупувањето на гласачи е кривично дело според чл. 162 од Кривичен законик на РМ, ама ние не живееме во земја каде што законите се почитуваат. Ние живееме во земја каде што законите се менуваат да го озаконат криминалот. И таа традиција непрекинато и посветено се пренесува од партиско колено на партиско колено,“ додава таа.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он