Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски преку Фејсбук го потсети претседателот Пендаровски дека последенн пат македонската делегација во Прохор Пчињски била во 2009 година. Тој исто така им се заблагодарува на пријателите од Србија за денешниот гест со посетата на Претседателот Стево Пендаровски на манастирот Свети Прохор Пчињски.
„ Сепак, Претседателот на Македонија бил должен да знае дека последен пат на ова историско место бил Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски во 2009 година, а не така како што беше кажано!
Освен тоа, протоколот на нашата држава наместо да прикажува нереални дипломатски достигнувања и наводни несекојдневни успеси, требало да биде информиран дека таблата пред која денеес се поклонија преставниците на нашата држава, ниту е оригиналната табла, ниту таа е на местото на кое треба да стои. Македонија поминала многу премрежија. Ќе го поминеме заедно и ова. Честит Илинден Македонијо!“ напиша Вељаноски.