Драги Рашковски и Трајко Вељаноски излегуваат од куќен притвор

Од:

Експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски од вчера се брани од слобода, а заедно со него и Драги Рашковски, ексгенерален секратар на Влада. Двајцата беа во куќен притвор, но судиите од Апелација сметаат дека нема да избегаат ниту да влијаат на сведоци доколку се ослободат. И Велјановски и Рашковски се ослободени со гаранции.

„Гаранцијата на Драги Рашковски е составена од хипотеки на недвижен имот во Струмица и во Скопје во вредност од 192.980 евра. За Трајко Вељаноски гаранцијата е 209.790 евра. Тоа е куќата во која што живее, односно тој недвижен имот“ – велат од Апелација за А1он.

Единствена мерка која ја имаат двајцата им се одземените пасоши односно забрана за напуштање на државата.

Рашковски во куќен притвор помина осум месеци. Од отпочнување на истрагата до овој момент, судиите сметаа дека тој може да влијае на сведоци и да избега, па затоа и му беше определена оваа мерка. Тој два месеца издржуваше и притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Судењата против него започнаа.

И Вељаноски кој е осуден во случајот „Организатори на 27 април“ беше седум месеци во куќен притвор. Мерката ја одреди судот веднаш откако му беа досудени 6,5 години затвор. Тогаш, обвинителката Гордана Смаќоска сметаше дека тој може да избега, па поради тоа и кажа дека е неопходно да биде во куќен притвор. За овој случај, одлучува Апелација.

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Трајко Вељаноски: Рокот за гласање на уставните измени истекува денеска

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

Орце Костов

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен