Велешанец си ја претепал сопругата со кабел, ќе одговара за убиство во обид

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид).

„Осомничениот во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“. Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката,“ се вели во соопштението од Обвинителството.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител достави предлог за определување на мерката притвор спрема осомничениот.​

Би можело да ве интересира

Нападнати се син, брат, сопруга и партнерки – петмина насилници завршија со лисици на рацете

А1он

Три лица лишени од слобода, вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Притвор за скопјанецот кој со шлаканици, клоци и со мобилниот телефон ја тепаше екс партнерката

А1он

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство