Велешанец криел кокаин во лева патика, го фатиле на автопат

Од:

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди