Ведро и студено

Од:

Во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во јужните делови кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус 4, а дневната од минус 2 до 4 степени.

Во Скопје слично време со зголемена облачност попладне и кон крајот на денот. Утринската температура ќе се спушти до минус 9, а дневната ќе достигне до еден степен.

До среда ќе се задржи претежно стабилно и суво време, а во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд и снег. Утринските температури и натаму ќе бидат под нулата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски