Вечерва пороен дожд, ветер и опасност од поплави

Од:

Во Македонија во попладневните и вечерните часови ќе има услови за појави на локална нестабилност и локален пороен дожд. Од Центарот за управување со Кризи велат дека има голема можност за нови поплави, а како најризичен дел е посочен делот под Кораб во реонот на сливот на реката Радика каде од вчера се забележа пораст на водостојот.

– УХМР го алармираше портокаловото ниво за ветер и врнежи и во вечерните часови во југоисточните делови активирано е портокаловото ниво за појава на локално невреме. Количината на врнежи ќе се движи од 40 до 60 литри што не е невообичаено, но таму каде што ќе има нестабилност доколку има поројни врнежи, количините ќе бидат поголеми – велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најбудно се следи состојбата со критичните брани, Пишица кај Пробиштиц каде во моментот нема врнежи, нивото на водата е 17 метри под круната на браната и во овој момент нема опасност, велат од ЦУК.

– Водата во браната Липа во Неготинско е 90 сантиметри под круната, истекува и нема посебна опасност. Во Турија водата е 75 сантиметри под нивото и состојбата не е алармантна. Во Слатинската брана каде има дополнителни рушења нивото изминатите два дена е зголемено за 10 сантиметри, прилива со одводната инка и пропусниот вентил кој беше проблематичен. Состојбата не е алармантна, но ја следиме во зависност од она што не очекува со прогнозата и дополнителни врнежи кои може да настанат и да предизвикаат поплави – тврдат надлешните од Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски