Вечер и утре пороен дожд и можност од поплави

Од:

Во текот на ноќта и утре ќе има обилни врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 50 литри на метар квадратен. Локално ќе има појава на невреме со поројни врнежи, грмежи и услови за изолирана појава на град.

Ќе дува засилен, повремено и силен јужен ветер со брзина над 90 километри на час. Воздушниот притисок ќе има тенденција на нагло опаѓање и за 24 часа ќе опадне за околу 15 мерни единици.

Во петок ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а поради заладувањето со северен ветер попладне снег ќе има и на некои пониски места.

За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и студено со ниски температури, коишто в недела сабајле на места се очекува да се спуштат и под минус 10 степени.

Согласно прогнозираните временски услови, а со оглед на тоа што нивоата на реките се уште се високи и натпросечни, можни се појави на поплавни бранови. Особено внимание треба да се посочи на регионите каде се уште има снег, кој заради јужните струења и врнежите од дожд интензивно ќе се топи. Ова се однесува најмногу на регионите во подножјето на Шар Планина, Кораб, Пелистер и Кожуф. Опаѓањето на температурите в петок ќе го спречи понатамошното топење на снегот и истекувањето на водите.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски