Анима Мунди, оваа пролет, организира три последователни акции за вдомување на мачиња и тоа на 18ти мај, 25ти мај и 1ви јуни, сите во ден недела.
На акцијата која ќе се одржи пред платото на спомен куќата на Мајка Тереза ќе бидат донесени голем број маченца кои чекаат да бидат среќно вдомени, а Вие ќе можете да си одберете свој најдобар пријател и да спасите живот.
На настанот ќе бидат поставени и кутии за донации а сите донации ќе бидат наменети за стерилизација на улични мачки.
Ги очекуваме со нетрпение сите кои сакаат да вдомат или понудат маче за вдомување, во недела, од 12:30 часот, велат од здружението.