Вархеји разговарал за Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19

Од:

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Теми, како што објави Вархеји на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19.

– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски за да ја нагласивме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економски закрепнување, напиша Вархеји на Твитер.

Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?