(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

Од:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека власта прави брутална партизација на секое ниво, а особено под политичко влијание е обвинителството со поставување на јавен обвинител кој работи по делегираните задачи од премиерот Христијан Мицкоски, што отвора сомнеж за неговата независност и непристрасност во работењето.

„Како може да е влезен во систем, да се декларира како независен, кога сè до него било партизација? Да се стави партиски човек или близок до партиски човек во Судски совет, во обвинителство, претходно во другите инстанци во судството, советник на премиерот во Уставен суд. Ова се аргументите зошто сме ние скептици. Како се објаснува дека е одземен предметот, односно не е продолжен мандатот, на обвинителката која се занимава со полицајците од Кочани?“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта прави сè само за да го заштити криминалниот имот.

„Како ѝ се одземаат предмети на обвинителката Ристовска, кои што се однесуваат на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Најбогатата партија во Европа. Сите слушнавме од разговорите? Цела држава слушна, кои се тие предмети? Тоа се дел од предмети на апсење на политичари, на незаконско финансирање, на набавка на опрема за прислушкување, уништување на опрема за прислушкување, несоодветно прислушкување на новинари, на цела држава. Оваа власт сега, овие претставници на власта, оваа екипа која што ја води државата е дел од тимот кој што ја водеше државата заедно со Никола Груевски до 2016-2017 година, кога тие влегуваа во спалните на секој еден граѓанин затоа што ги прислушкуваа“, рече Филипче.

Притоа, Филипче порача дека новиот обвинител треба да биде професионалец бидејќи граѓаните бараат правда и независност, а не да одработува по насока на Мицкоски.

„Како што тргнал, ако продолжи вака, обвинителот Савевски, не прави добро. Што им должи толку? Зошто го прави тоа? Треба да биде професионалец. Тоа го бараат граѓаните. Преку глава им е од партизација на секое ниво. Ова мора да запре. Европа е единствениот спас, затоа што тогаш не може со европското обвинителство да прави вака, затоа наоѓа Мицкоски изговори дека тоа било некакво коленичење пред Бугарите“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта