Борбата за враќање на достоинствен дом претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денес ја продолжи во Богданци. На средбите со граѓани во Богданци Ванковска беше придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа на ИЕ4.
„Стасавме и на југот на нашата земја“, рече Ванковска која беше топло пречекана од Богданчани. И во Богданци ја потенцираше важноста од раскинување на трите договори кои ја влечат како тегови земјата надоле. Со жителите на Богданци разговараше и за земјоделието и заштитата на животната средина, информираат од Левица.
Ванковска истакна дека земјоделието е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини. Особено нагласи дека треба да се внимава на зачувување на заштитата на животната средина која значи здрав и задоволен човек.
Сашко Јанчев на жителите на Богданци им вети дека Левица до крај ќе се бори рудници во овој крај да не се отвараат.