Разговорите за реформирање на медиумската сфера помеѓу претставниците на четирите политички партии со белгискиот посредник Питер Ванхауте продолжија попладнево во Клубот на пратеници.
Пред почетокот на разговорите Ванхауте изјави дека не е преголем оптимист и оти може да се најде решение за прашањето за медиумите доколку се знаат позициите на засегнатите страни.
Земени се во предвид, како што рече, сите предлози на здруженијата на новинарите, асоцијациите и партиите.
– Свесен сум дека нема многу време за договор, но се надевам на решение, додаде Ванхауте.
На денешните разговори присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и САД, Џес Бејли и Аиво Орав.
Последната средба одржана минатата недела беше без напредок.