Ванхауте: Изборот на експерите на ДИК, почеток на голем исчекор во разговорите

Од:

Белгискиот посредник Питер Ванхауте, по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците, изрази задоволство од постигнатиот договор за експертите на Државната изборна комисија (ДИК) и најави дека во следните денови ќе продолжат разговорите за медиумите.

– Се надевам дека ова е почеток на еден голем исчекор бидејќи има уште многу преостаната работа за изборите. Се надевам дека во следните денови ДИК ќе работи на назначување на генерален секретар и другиот неопходен персонал. Потребно е бргу да се има добра и функционална ДИК, рече Ванхауте.

Според него, постигнатиот договор денеска покажува дека овој процес на ниво на Работни групи и политичкиот дијалог меѓу политичките партии функционира. Изрази задоволство што процесот ги вклучува владејачката коалиција и опозицијата и дека тие се заедно во овој процес.

Следните денови, како што најави, ќе повторно ќе започнат разговорите за медиумите и уште некои други прашања кои се на агендата.

– Се надевам дека исто така ќе биде постигнат напредок и за овие прашања кои исто така се многу важни за успешни избори следната година. На агендата се законите за медиуми, за Агенцијата за медиуми, МРТВ, глобите за медиумите. Дополнително ќе разговараме за канцеларијата на Народниот правобранител, за Комисијата за спречување на корупцијата, како и за прашања кои се поврзани со законот за клевета, што е исто така многу важно за медиумите, рече белгискиот посредник.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски