Во Клубот на пратениците се одржува средба на Работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте.
Тој пред средбата истакна дека иако има малку време за да се постигне договор, сепак тоа може да се направи доколу партиите тоа сакаат.
– Имаме малку време. Сакам тоа јасно да го кажам, тоа не морам да го кријам. Секогаш сум многу скептичен. Ако не биде оставено доволно време за подготовка на изборите тоа може да биде проблем. Но ние не брзаме, не сакаме набрзина да дојдеме до какво било решение. Потребно ни е добро решение во согласност со демкоратските стандарди и европските вредности. Тоа е најважно. Ако партиите сакаат може да се постигне договор. Не е толку тешко да се дојде до договор, но се сомневам дека ќе има договор. Затоа што треба да се разбере што точно значат демократски стандарди, европски вредности, рече Ванхауте.
Тој ги охрабри сите партии да ги преиспитаат своите позиции во однос на учеството на изборите, но посочи дека тоа не е само одговорност на опозициските партии, туку, како што рече, исто така и на владејачката коалиција да го направи учеството на изборите атрактивно за опозицијата.