Ванхауте и новинарите се согласија: Промени во јавниот сервис мора да има

Од:

Меѓународниот посредник во преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија, Питер Ванхауте денеска во Клубот на пратеници ги собра новинарите со цел да ги слушне нивните мислења за подобрување на состојбата со медиумите во државата. Како што тој кажа, најважен дел во регулирањето на состојбата во медиумите се мислењата на новинарите.

Иако кажа дека ЕУ веќе има истакнато осум приоритети за продобрување на состојбата во медиумите, тој ги замоли новинарите еден по еден да ги кажат и своите решенија, а потоа да дебатираат за веќе поставените.

Ванхауте кажа дека приоритетите на ЕУ се да се намали насилството врз новинарите, пристап до информации, да се намали клевета врз новинарите, да нема политички рекламирања, промени во агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, промени во јавниот сервис, да нема владини реклами во медиумите, промени советот за етика и советот за саморегулација на медиумите.

Најголемиот дел од решенијата на новинарите, слично како и на Европската Унија беа независен јавен сервис, реформи во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, како и во советот за саморегулација на медиумите.

Според новинарите, ова е проблем кој не може да се реши преку ноќ, но сепак е решлив. Тие истакнаа дека промените мора да се случат пред изборите во април, со цел Македонија да има целосно независни избори и независно известување за нив.

Новинарите дебатираа и околу законот за медиуми, чии членови, според дел од новинарите се копија од хрватскиот закон, освен во два члена кои се најбитни за независно новинарство. Тие додадоа дека во законот фалат стандарди за вести и информативна програма.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска