Вангеловски нема да реагира за извештајот за АКМИС-от дури не го добие од министерот за правда

Од:

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски го побарал од Министерството за правда извештајот на работната група при Министерството за правда кој се однесува на увидот за злоупотребите на АКМИС-сиситемот во највисокиот суд. Во петокот Врховниот суд објави дека денеска ќе испрати реакција, сепак, првин испратиле барање до министерството и откако ќе го добијат најавија дека ќе реагираат. Министерот за правда Биљен Саљии рече дека во Врховниот суд со промена на годишниот распоред на судии наместо случаен, се добивал очекуван избор на судии. Не сакаше да ги потенцира имињата на претседателите на судовите кај кои се откриени злоупотереби на процедурите.

Според извештајот, само во кривичниот суд за 2 години 10 пати се менувал распоредот на судии, а во Врховен само во септември 2017 распоредот на судии бил сменет 9 пати. Судии што судат кривични предмети биле префрлани во граѓанскиот оддел на Врховниот суд, а за 860 предмети во кривичниот не бил доделен судија.

Предметите во кривичниот суд биле доделувани само со јавување на претседателот на судот во писарницата и со негов потпис. Во судот не е формирано работно тело за управување со движење на предметите во судовите, не се донесени внатрешни процедури за одделни процеси при управувањето со движењето на предметите. Министерот рече дека не бил користен модулот за автоматска распределба на предметите, а распоределбата се вршела рачно. Стручен соработник избирал кривичен совет кои судии ќе го реферираат предметот. Биле исклучувани судии од автоматската распределба на предмети и тоа без изготвување писмена одлука и без образложена причина.

В. М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Лога за „А1он“: Надзор кај Нанев поради сомнежи за манипулација со АКМИС системот

Александар Тодески