Договор за изборниот законик ќе се постигне вечерва или рано наутро, рече медијаторот во преговарачкиот процес помеѓу четирите партии Питер Ван Хауте.
Денеска во 13 часот почна средбата на работните групи и конечно треба да се изнајде решение за прашањата поврзани со изборниот процес. На полноќ завршува рокот што партиите го прифатија за изборната регулатива.
Во Клубот на пратениците денеска се повикани да дојдат и лидерите на политичките партии, а се очекува да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и САД.
На влезот клубот на пратениците Ван Хауте беше пресретнат од Македонско женско лоби. Членовите му дадоа документи со кои бараат во Изборната регулатива да се зголеми квотата на жени на 40% учество на жените на локално и национални ниво.
Во преговорите учествуваат Силвана Бонева и Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Имер Алиу од ДПА, Артан Груби од ДУИ и Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова од СДСМ.
Маја Васева