А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вахлунд: Членството во ЕУ не е само политичка одлука

by А1он10/06/2013 - 13:4910/06/2013 - 14:04118
Share0

Шведското радио објави подолга репортажа посветена на актуелната општествена и политичка ситуација во Македонија, вклучувајќи го и проектот „Скопје 2014“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во репортажата, која е подготвена во рамките на серијата на Шведското радио под заеднички наслов „Конфликт“, е објавено и интервју со шведскиот амбасадор во Македонија Ларс Вахлунд.

Интервјуто, како што се посочува на веб-сајтот на Шведското радио, е направено во контекстот на декемвриските настани во македонското Собрание и заострувањето на тензиите меѓу Владата и опозицијата.

Декемвриските настани во Парламентот, како што се истакнува, добија голем публицитет, при што претставници на повеќе земји-членки на ЕУ почнаа да ја оспоруваат зрелоста на земјата за започнување на пристапни преговори околу членството во ЕУ.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Македонија сега е соочена со големи и тешки предизвици. Тоа што се случи во Парламентот создаде внатрешни проблеми и ја зајакна критиката против земјата, при што од повеќе места се апелираше на Македонија да ги реши овие проблеми. Останува да се види дали земјата е способна да оди понатаму и можеби да се доближи до отворање на преговорите за членство во јуни, вели шведскиот амбасадор Ларс Вахлунд.

Според негово мислење, критиката не доаѓа најмногу од страна на најмоќните членки на ЕУ како Германија, која застана зад мислењето на ЕУ-комисијата во однос на Македонија.

– Водата на својата воденица посебно ја наведуваат соседните земји, сега велејќи дека ова не е само проблем со името, во оваа земја има други проблеми, вели Вахлунд.

Шведскиот амбасадор потенцира дека неговата земја, и ЕУ во целина, се обидуваат помогнат во решавањето на проблемите во Македонија така што ќе го покренат процесот кој ќе значи почнување на преговрите, а што не е иста работа кога станува збор да се биде членка на ЕУ.

– Земете го примерот на Хрватска, на која и беа потребни осум, можеби 12 години да ги заврши преговорите за членство во ЕУ. Но најдобро е да се започне процесот на прегови и да се направи обид да се реформира земјата. Тоа е најдобро за самата земја, тоа е добро за ЕУ, потенцира Ларс Вахлунд.

Многумина во Македонија, и пошироко во регионот, вели амабасдорот Вахлун, не веруваат во еден таков долг процес кој подразбира спроведување на темелни реформи, и сметаат дека приемот во членството на ЕУ е можно преку некаков вид политичка спогодба, со политичка одлука преку ноќ, но стварноста во денешниве услови е сосема поинаква.

eu

Би можело да ве интересира

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

Горан Наумовски12/08/2026 - 16:36

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

Горан Наумовски08/08/2026 - 17:58

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски05/08/2026 - 22:23

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео