Летното сметање на времето почнува в недела наутро на 31 март во 02:00 часот по полноќ кога со поместување за еден час нанапред ќе се смета дека е 03:00 часот по полноќ, информира Бирото за метрологија.
Летното сметање на времето ќе заврши на 27 октомври годинава.
Одлуката за летното сметање на времето веќе е објавена во Службен весник.