Утрово услови за слаб снег во западните и северозападните делови, преку ден сончево

Од:

Денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрово ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови, додека преку денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер на југоистокот.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 4 степени, додека дневните ќе се искачат од 3 до 10 степени.

Во главниот град ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а утринската температура ќе се спушти до 1 степен, додека дневната ќе се искачи до шест.

Од утре следува променливо и не многу студено време со слаб до умерен јужен ветер. Температурите ќе бидат во благ пораст, а поголемо наоблачување со слаб дожд во западните делови ќе има во среда кон четврток. Поинтензивни врнежи се очекуваат за време на следниот викенд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски