Утрово најстудено во Берово, најтопло во Дојран

Од:

Утрово најладно во Македонија било во Берово со измерена температура од -4 степени, соопшти Управата за Хидрометеоролошки работи.

Минус два степени се измерени во Скопје-Петровец, Битола, Лазарополе и Струмица, минус еден во Куманово, Тетово, Крива Паланка, Маврово и Демир Капија, нула во Прилеп, Штип, Дебар и Гевгелија, еден степен во Скопје, два во Охрид, Крушево, Претор и Тополчани, три во Виница, четири во Пожаране и Ѓуриште, до пет во Дојран.

Магла имало по котлините во Скопје, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово и во битолскиот регион.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Температурата во интервал од 11 до 16 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски