Утрово Најладно во Скопје-Петровец – 6, а најтопло во Дојран 4 степени

Од:

Времето изутринава e сончево со мала локална облачност, со слаб, а во источните делови повремено умерен ветер од југоисточен правец. Најладно било во Скопје-Петровец – 6 степени, а најтопло во Дојран каде се измерени четири степени.

Во Берово се измерени – 5 степени, во Маврово и Тетово – 4 , во Лазарополе, Крива Паланка, Битола, Струмица, Куманово и Скопје-Зајчев Рид – 3, во Охрид, Прилеп и Гевгелија – 2, Штип и Виница – 1, во Претор 0 степени, во Демир Капија 2 и 4 степени целзиусови се измерени во Дојран.

Висината на снежната покривка изнесува 47 сантиметри во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 15 во Крушево.

И денеска времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен  јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 12  степени.

Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажен бран од Медитеранот и времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. На повисоките места кон крајот на денот и во ноќта кон понеделник врнежите од дожд ќе поминат во снег, а на планините од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во понеделник во текот на денот врнежите постепено ќе престануваат.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска