Утрово измерени минус три степени во Берово

Од:

Во Берово утрово беше измерена најниската температура во државава, минус три степени, додека највисоката беше во Дојран, плус шест.

Како што соопшти УХМР, -2 беше во Скопје Петровец и Струмица, -1 во Крива Паланка и Битола, 0 во Гевгелија, Куманово, Демир Капија, Прилеп, Скопје, Лазарополе и Тетово, еден степен во Штип, два во Пожаране, три во Охрид, Крушево, Тополчани, Претор и Маврово, четири во Ѓуриште и Виница и пет во Дебар.

Утрово е облачно со појава на магла по котлините, а во попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд, кои на планините ќе преминуваат во снег. Максималната температура во текот на денот се очекува да достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има магла и ниска облачност, а попладне се очекува облачноста да се зголеми, а највисоката температура да достигне 11 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски