Утре врнежи и температури до 12 степени

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во југоисточните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје слично време, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Помалку врнежи ќе има во четврток и петок, кога ќе дува повремено засилен северен ветер.

За време на викендот се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски