Во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество, утре (22 јули) во клубот ГЕМ во Стара чаршија, ќе биде организирана јавна дебата со отоврено учество на сите заинтересирани граѓани.
На настанот ќе биде промовиран зборникот на тема „Збор и слобода“. На дебатата говорници ќе бидат: Тамара Чаусидис, Мери Јордановска, Васко Лазаревски и Артан Садику.
Зборникот „Збор и слобода“ е подготвен од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ) кој во изминатите шест месеци го реализираше проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“ во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).
Овој проект имаше за цел да отвори широка општествена дебата за важноста на медиумската слобода за општиот прогрес на граѓаните, како и вмрежување на граѓански организации кои ќе придонесат кон зајакнување на новинарската слобода и јакнење на демократијата. Финалната активност на проектот беше објавување на Зборникот во кој истакнати автори даваат критички осврт врз состојбата со медиумите и граѓанското општество.