Топлотен бран од жолта, односно алертна фаза, утре ќе ја зафати територијата на целата држава, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температурата според информациите од УХРМ ќе се движат од 33 до 41 степеп, а висок УВ индекс 9.
Од Министерството посочуваат дека согласно Акцискиот план, здравствените институции во државата се подготвени за обезбедување здравствена заштита на евентуалниот зголемен број на пациенти поради влијанието на високите температури.
„Истовремено, информираме дека остануваат да важат препораките за населението по однос заштита од дирекна сончева изложеност, избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица“, потенцираат од Министерството за здрвство.