Времето во Македонија утре претпладне ќе биде претежно облачно. Во раните утрински часови се уште ќе има врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престанат, а облачноста ќе се намали.
Температурата ќе се движи од 13 до 18 степени.
Во Скопје и околината слично време со температурата до 17 степени.
Во првите два дена од наредната недела ќе биде стабилно и суво, а од средината на седмицата ќе има повремени локални врнежи од дожд.
По котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.