Утре сончево време

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на локална нестабилност особено во северните делови со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Преку ноќта према недела ќе се спушта постуден воздух од север и ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика нагло паѓање на температурата за околу седум до девет степени. Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во наредната недела ќе преовладува облачно и постудено време за овој период од годината со повремени локални врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски