Утре сончево, во недела дожд

Од:

Сончево време со слаб ветер в сабота, а дожд и заладување в недела, најавува Управата за хидрометеоролошки работи за претстојниот викенд. 

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, најпрвин од западната страна на земјата. Преку денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 17 до 23 степени.

Од недела под влијание на влажна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Повеќе дожд ќе има во источните делови од земјата. 

Утринските температури малку ќе се покачат, а дневните веќе од понеделник ќе бидат пониски за 3 до 5 степени. 

Почести врнежи ќе има од недела попладне и во ноќта кон понеделник, а тогаш се очекуваат и услови за краткотрајна нестабилност на југот со појава на грмежи. Од понеделник во периодот кој следи потоа, врнежите ќе бидат повремени со слаб до умерен интензитет и претежно во западните делови од земјата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски