Утре сончево и ветровито

Од:

Времето утре во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје слично време, малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во утринските часови ќе има негативни утрински температури, а преку денот температурата ќе биде во покачување.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска