Утре сончево и топло, во сабота заладување и дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде релативно топло со мала облачност која во текот на денот ќе се проширува. Ќе дува умерен јужен ветер кој во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје слично време, релативно топло со облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во текот на ноќта кон сабота и во собата преку нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 л/м2. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и во недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски