Утре сончево и топло

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло, особено на повисоките места, на планините и на крајниот југоисточен дел. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од еден до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во четврток ќе преовладува стабилно и суво време, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.

Од петок попладне ќе има позначителна промена на времето, со умерен до засилен северен ветер, опаѓање на температурата и локални врнежи од дожд и снег.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска