А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Утре се отвораат границите, без тест и карантин во Србија, Албанија, Косово и Турција

by А1он25/06/2020 - 08:2525/06/2020 - 09:45985
Share0

Oд утре целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПСР тест и државен карантин.

Следете a1on на Instagram Instagram

Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Премиерот Оливер Спасовски вчера потврди дека оворањето на границите не е никаква политичка одлука донесена во корелација со изборите, туку се темели исклучиво на епидемиолошките анализи и мислењето од Комисијата за заразни болести. На прес-конференцијата во Владата, порача дека мора да се научиме да живееме со вирусот, а тоа значи да се почитуваат препораките за носење на лична заштитна опрема, држење на дистанца и честа дезинфекција.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Отворањето на границите го најавуваме веќе подолго време зависно од анализите што ги прави Комисијата за заразни болести, а тие пред се, се темелат на тоа каква епидемиолошка слика имаме кај нас, во регионот и во поширокото опкружување. Европската унија ги отвори границите за државите членки на ЕУ, а од 1 јули се најавува и кон трети земји каде ќе бидат и државите од целиот наш регион така што ние мора да се научиме дека треба да живееме со вирусот, рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Според него, крупните рестриктивни мерки го дале својот максимум, а она што сега останува е преку личната одговорност да се придонесе колку е можно повеќе да се држи вирусот под контрола.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик,. Според него, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

-Како што е познато на почетокот на кризата имавме случаеви кои дојдоа од странство, но тие беа ризик за мал број контакти во нивната непосредна околина. Доколку се почитуваат превентивните мерки тогаш овој ризик практично се сведува на минимум. Неможе ниту една држава од светот да живее сама во себе затворена со затворени граници. Сметам дека отворањето на границите со контролата што ја имаме, односно термалните камери на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата, сметам дека нема ризик за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти, посочи министерот Филипче.

Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПСР тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава. Сепак, со иклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките. За патување во Бугарија и Грција како земји членки на ЕУ важат насокоите дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули, годинава. Оваа одлука членките на Унијата треба повторно да ја разгледаат утре поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионов.

Во меѓувреме, Словенија и Хрватска најавија можност за заострување на граничниот режим и повторно враќање на обврската за двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од Србија, БиХ, Црна Гора,Албанија, Северна Македонија и Косово имајќи ја предвид епидемиолошката слика во овие земји. Бугарија, пак, ја продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули поради новиот бран на заразени со коронавирусот.

granicagranici

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Горан Наумовски17/08/2026 - 15:24

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он31/07/2026 - 18:2131/07/2026 - 19:34

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он25/07/2026 - 08:5525/07/2026 - 09:11

Директна порака до Русија, границите ќе бидат смртоносни

Горан Наумовски28/06/2025 - 19:11

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Горан Наумовски25/06/2025 - 15:28

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on20/05/2024 - 12:0820/05/2024 - 12:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео