Утре променливо облачно со локални врнежи на дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини од снег. Позначителни врнежи се очекуваат во западните делови на земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, долж Повардарието повторно ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје слично време, повремено облачно со услови за повремен слаб дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Потоа се очекува извесно стабилизирање на времето. Ќе продолжи да дува умрен до засилен северен ветер, но повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и ќе предизвика пад на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски