Времето утре ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието. Облачноста попладне ќе се зголеми, а во текот на ноќта и во петок ќе има слаб локален дожд, особено на југоисток.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната температура ќе се движи од 14 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната до 20 степени.
За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во овој период не се очекуваат негативни утрински температури.