Утре повремен дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, почест во западните и северните делови. Попладне ќе има почести сончеви периоди. Преку денот ќе дува умерен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе биде повремено со посилен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје претпладне претежно облачно со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали и ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу осум, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, повремено со сончеви периоди, а во попладневните часови со локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски