Утре постудено време

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието и на планинските места.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од пет до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и доста посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во недела и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а дневната температура ќе бележи пораст.

Од вторник се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски