Утре почнува есента

Од:

Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува утре во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

На првиот есенски ден, Сонцето во Скопје ќе изгрее во шест часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. Денот ќе трае 12 часа и седум минути.

Врмето, според синоптичарите, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде осум, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и три минути кога календарски ќе почне зимата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре почнува есента

Од:

Годинава есента почнува утре во 22 часот и 44 минути. Во исто време, за жителите на јужната земјина полутопка почнува пролет.

Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.
Утре на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциумски ден).

Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, утрешниот ден ќе трае за околу 10 минути подолго од ноќта, па вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември.

Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри.

Во Скопје Сонцето ќе изгрее во шест часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со дневна температура од 18 до 24 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски