Утре облачно време

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно. Во западните и крајните северни делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, додека пак на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд особено попладне и во текот на ноќта. Не е исклучено дождот да премин краткотрајно во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд и слаб снег, на југоистокот врнежите ќе бидат претежно од дожд, додека на планините од снег.

Во четврток и петок ќе дува умерен северен ветер кој на моменти наместа ќе засилува.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски