Утре облачно со повремен дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините од слаб снег особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од шест до 11 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со појава на слаб дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, а ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови ќе биде стабилно и суво, освен во петок попладне кога во југозападните делови ќе има услови за развој на облачност со локален дожд. Утринските температури и понатаму ќе се задржат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски