Утре облачно и ветровито

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, посвежо и ветровито со умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер со брзина и до 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури коишто на некои повисоки места ќе се спуштат и под нулата, а дневните температури ќе бележат покачување и во четврток ќе се движат од 18 до 24 степени.

Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски