Утре облачно и студено

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде претежно облачно, а во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во западните планински предели засилен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до девет степени.

Во Скопје утре времето ќе биде претежно облачно, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

До вторник ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од среда времето ќе биде сончево и повторно со негативни утрински температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски