Утре облачно и студено

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Во раните утрински часови се уште ќе има врнежи претежно од снег. Преку денот ќе има намалување на облачноста, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од минус три до четири степени.

Во Скопје изутрина ќе провејува слаб снег, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до два степена.
В недела попладне кон понеделник ќе настапи нов влажен бран од кој повторно се очекуваат врнежи претежно од снег и формирање нова снежна покривка на повеќе места, а на планините значително ќе се зголеми.

Од почетокот на наредната недела, односно во првите денови од Новата година од североисток ќе се спушта многу студена воздушна маса и ќе предизвика променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за провејување на снег, но ќе биде доста студено.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски