Утре не очекува сончево време, в недела се можни поројни дождови

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд во планинските подрачја.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Позначителен влажен бран од север ќе помине преку нашава земја в недела попладне и во ноќните часови кон понеделник. Се очекува да биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи. На места, особено во северозападните делови на земја се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Од недела навечер ќе почне да дува повремено засилен северен ветер. Потоа ќе настапи разведрување, но ќе се задржи ветровито и посвежо. Од среда се очекува зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски